
Осудените и нивните адвокати во судница, минатата година. Фото: Суд на БиХ
Третостепениот совет на Судот на БиХ, ги осуди денеска Мухамед Шишиќ на десет, и Тарик Шишиќ и Азиз Шуша на по осум години затвор, за злосторства извршени во август 1992 година во селото Кукавице, општина Рогатица.
Во нападот на АБиХ на Кукавице биле убиени 21, а ранети 39 цивили од српска националност.
Обвинителот, Мирза Хукељиќ, изјави дека затворските казни од второстепената пресуда изречена во октомври 2018 година, во висина од осум години за Мухамед Шишиќ и по пет години за Тарик Шишиќ и Азиз Шуша, се несоодветни, со оглед на тежината на злосторството.
Мухамед Шишиќ, според обвинението, бил командант на диверзантскиот вод на кукавичката чета на АБиХ, а другите двајца обвинети, припадници на оваа единица.
Со нив беше обвинет и Емир Драковац, кој веќе е осуден на затворска казна.
На оваа пресуда не може да се поднесе жалба.