Регион

Зголемени затворски казни за тројца поранешни припадници на АБиХ

Албина Соргуч, Сараево

Осудените во судница | Фото: Суд БиХ

На тројца поранешни припадници на Армијата на Босна и Херцеговина (АБиХ), осудени за злосторства извршени над цивилни затвореници од хрватска националност, во жалбена постапка, казните затвор им беа зголемени.

Апелацискиот совет на Судот на Босна и Херцеговина, им ги зголеми казните затвор на Енес Ќуриќ на 8, на Ибрахим Демировиќ на 13 и на Хабиб Чопељ на 5 години.

Поранешните припадници на АБиХ, Самир Кресо и Мехмед Каминиќ, беа ослободени.

Ќуриќ и Демировиќ се осудени за учество во противзаконско притворање и нечовечно постапување кон хрватските цивили во Бијело Поље кај Мостар, кои ги присилувале на принудна работа.

Чопељ е осуден за нечовечки третман кон затворениците, а Демировиќ за силување на жена.

Со првостепената пресуда, Ќуриќ беше осуден на 5, Демировиќ на 10, а Чопељ на 2 години затвор.

На оваа пресуда не постои можност да се поднесе жалба.