Анализи

Федерализацијата не е опција на албанските партии

Што навистина нудат политичките партии за уставно-правниот статус на Албанците на изборите 20016 / Фото: БИРН

Што навистина нудат политичките партии за уставно-правниот статус на Албанците на изборите 2016 / Фото: БИРН

Ништо неочекувано! И на овие избори политичките партии кампањата ја фокусираат на најчувствителните етнички прашања. И партиите на Албанците исто така. Без исклучок, секоја политичка партија која се надева на гласовите на Албанците, својата визија за иднината на Република Македонија ја базира на уставно-правниот статус на Албанците. Визии кои се разликуваат, но имаат иста цел, Албанците да бидат еднакви со Македонците.

Историја на уставнио-правниот статус на Албанците

Уставно-правното дефинирање на Македонија, од времето на АСНОМ до постигнувањето на Охридскиот договор, многу  често од граѓаните со албанска етничка припадност е видено како тежнеење за „сопственост“ над државата и нејзината државотворност. Основачките документи на модерната држава, Уставот од 1946, Уставите од 1974 и 1991, дури и тој од 2001, кратко речено ја дефинирале Македонија како држава на македонскиот народ, додека припадниците на другите етнички заедници ги третирале со уникатни уставни дефиниции, непознати и за меѓународното право.

Иако федерализацијата е наметната како тема, анализата на платформите на партиите на Албанците покажува дека ниедна од нив не се залага за федерализација на Македонија, туку за правна и фактичка еднаквост на Албанците со Македонците

Во Собранито на АСНОМ се усвојува Декларацијата за основните права на граѓанинот во демократска Македонија. А во неа се вели дека сите граѓани на македонската федерална држава се еднакви пред законите, а на националните малцинства во Македонија им се гарантираа правата и слободнииот национален живот.

По Втората светска војна, Уставното собрание на Македонија, на 31 декември 1946 година го усвои првиот Устав. Овој правен акт во член 12 ги третираше Албанците и другите како национално малцинство, но им се гарантираше правото за заштита на нивниот културен развој и слободното право за употреба на нивниот јазик.

Овој Устав е сменет на 25 февруари 1974, кој во формално-правен аспект им гарантира полна еднаквост на Албанците, именувајќи ги Албанците и Турците како народност, недефиниран поим измислен од тогашната политичка елита, а кој не само што нема основа во меѓународното право, туку создава и семантички дилеми. Според него, албанскиот, заедно со турскиот јазик, биле официјални заедно со македонскиот.

Уставот од 1991 година, усвоен по референдумот за независност во 1991, кој беше бојкотиран од страна на Албанците, албанското население во земјата го именува со уставно- правниот поим националност, кој има слични јазично поимање како народност.

Уставот од 17 ноември од 1991 година, кој беше бојкотиран од албанските пратеници, а со години од страна на албанската опозиција, особено ДПА и поранешниот нејзин лидер Арбен Џафери, се сметаше за главниот генератор на меѓуетничката криза.

Точно 10 години потоа во Македонија се случи воен конфликт, кој како и секој друг заврши со договор на маса. Овој договор го унапреди уставно- правниот статус на Албанците во заедницата, додека во разни закони не се спомнуваат на јасен начин туку како припадници на заедницата која е над 20% од вкупното население во Македонија. Иако првата варијанта на Преамбулата на Уставот, усвоен на 16 ноември 2001 година имаше граѓански концепт, новата договорена преамбула Албанците ги дефинира како дел од албанскиот народ, еден нов поим, кој не е во согласнот со теориите за идентитетот.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни визии за Македонија

Што нудат политичките партии во овој сегмент во изборите 2016 година. Во екот на предизборната кампања, по изјавите на лидерот на СДСМ, Зоран Зае, дека е за службена употреба на албанскиот јазик согласно Уставот, ВМРО-ДПМНЕ остро го обвинува СДСМ дека се залага за федерализација на државата, повикувајќи ги граѓаните дека ако гласаат за Заев, ќе гласат за двојазичност, федерализација и редефинирање на државата. СДСМ се залага за граѓанскиот концепт, кој ќе овозможи еднаквост за сите граѓани, отфрлајќи ги како невистини тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека е за федерализација,  Заев изјавил дека некоја партија и 50 пратеници да освои, нема да прифати федерализација на земјава.

Федерализацијата надвор од платформите на партиите на Албанците

Иако федерализацијата е наметната како тема, анализата на платформите на партиите на Албанците покажува дека ниедна од нив не се залага за федерализација на Македонија, туку за правна и фактичка еднаквост на Албанците со Македонците

Иако федерализацијата е наметната како тема, анализата на платформите на партиите на Албанците покажува дека ниедна од нив не се залага за федерализација на Македонија, туку за правна и фактичка еднаквост на Албанците со Македонците / Фото: БИРН

За што се залагаат партиите на Албанците? Иако федерализацијата е наметната како тема, анализата на платформите на партиите на Албанците покажува дека ниедна од нив не се залага за федерализација на Македонија, туку за правна и фактичка еднаквост на Албанците со Македонците. Сите партии сметаат дека на Албанците треба да им се гарантира државнотворниот статус.

Демократската унија за интеграција останува на позициите кои произегуваат од Охридскиот договор.  Во својата платформа за изборите 2016, ДУИ Македонија ја гледа како мултиетничка држава, во која заедниците се соосновачи, а во исто време се одговорни и за иднината на земјата.

И Демократската партија на Албанците во својата понуда пред гласачите ја реафирмира идејата за нов политички договор во државата, кој ќе го унапреди статусот на Албанците пошироко од предвиденото во Охридскиот договор. ДПА се залага за полна еднаквост и правична застепеност на Албанците во системот и во донесувањето на одлуките.

Движењето БЕСА смета дека е неопходна потребата за еден нов договор или платформа, која ја нарекува Платформа на иднината-редефинирање. Истата предвидува целосно редефинирање на политичкиот и правниот систем на Македонија, а државата би функционирала врз основа на принципите за македонско-албански консензус.

Ништо поразличен концепт за градење на државата не нуди ни Движењето за реформи ДПА. Ова партија, во коалиција со партијата Унитети и Националната демократска преродба се залага за бинационална држава. Според оваа коалиција, Уставот на Македонија треба да ги признае и да спомнува два државнотворни народи: Македонците и Албанците.