Ќе се играат продолженија, два пати по шест месеци, пред Македонија да се квалификува за следната фаза на патот кон ЕУ. Можеби тоа е разочарувачки за сите кои мислеа дека во следната фаза се влегува само со добра игра на туѓата половина, но очигледно за добар настап на големите настани, потребна е организирана игра и на сопствената половина.
Жива среќа што на наша страна имавме играчи со германски менталитет, зашто без нивната филозофија да се игра до крај, до последниот свиреж, најверојатно немаше да извлечеме ниту нерешено за продолженија. Голот со пета што го постигнавме во последните минути од мечот и со кој го анулиравме спорот за името не беше доволен за победа, но беше драгоцен за да останеме во игра и натаму.
Што се однесува до продолженијата, фокусот на публиката и во Европа и во светот не случајно е ставен врз судењето. По сè што изгледаа од нас, нема да има веќе прогледувања низ прсти. Од судиите се бараат конкретни санкции за сите опасни прекршоци и нанесени повреди. Тоа, во превод, значи дека ако сакаме да одиме натаму, судиите ќе мора да продолжат да се служат со ВАР-технологија во своите судници, односно пресудите да се носат откако ќе се прегледуваат снимки и ќе се преслушуваат разговори.
Со години имавме ѕвезди што нѐ дриблаа нас наместо противникот. Си даваа сомнителни автоголови во клучните моменти, со што, не само што ја загрозуваа иднината на нашиот тим, туку ја доведуваа во прашање и регуларноста на натпреварите.
Всушност, ако се види како игравме последново десетолетие, треба да бидеме среќни што Македонија не доби трајна забрана за учество на турнири од највисок ранг, какви што се бездруго ЕУ и НАТО. Со години имавме ѕвезди што нѐе дриблаа нас наместо противникот. Си даваа сомнителни автоголови во клучните моменти, со што, не само што ја загрозуваа иднината на нашиот тим, туку и ја доведуваа во прашање и регуларноста на натпреварите.
Исклучени се од игра и валканите играчи од соседството кои секогаш кога ќе избиевме сами пред противничкиот гол, очи во очи со голманот и со судбината, правеа фаул од зади и за тоа не добиваа црвен картон, а ние останувавме со куси ракави. Во продолженијата ги има сите услови за фер-плеј меч.
Што да се каже за нашата репрезентација?
Напред имаме напаѓач кој става глава каде што некој не би ставил ниту нога. Некогаш е толку брзоплет што знае да смени дрес (дури и кравата) со противничкиот играч уште пред да заврши мечот, но некако сè му простуваме додека дава голови.
На моменти претерува со егзибиционизмот и повеќе игра за публика отколку за резултат, а најголема мана му е што никогаш не се враќа на својата половина. Некогаш чека асистенција од партнерот во нападот, Димитров, некогаш оди сам како булдоужер кон противничката одбрана. Ако еден Меси и еден Роналдо знаат дека нема добар резултат ако не се враќаат назад, тоа ќе мора да го научи и нашиот централен напаѓач Велимир Заец.
Џабе што едниот има јужноамериканско име, Хорхе, кога или стои здрвен ко фикус на теренот и не прави ништо или (што се покажа и уште пооопасно за нас) жонглира во опасната зона и откако ќе им намести гол на противниците, бара да го повлече потегот назад. Овој лик е како да сте си го нарачале Хорхе Валдано, ама по „Али експрес”.
Што да се каже за крилата. Главно бескорисно дремат покрај аут линијата и губат топки. По левата страна не ни можеме да напаѓаме, таму се Апасиев и Бачев, за кои не се знае дали имаат две леви или две десни нозе, но секако е очигледно дека движењата им се прилично некоординирани, а играта таква што не и најголемиот аналфабета сфаќа дека играат за интересите на друга репрезентација, не на својата.
Но, вистинската опасност по нашиот гол доаѓа од десната страна, каде што имаме многу лоша комбинација на десен бек и десно крило, тандем кој од некои коментатори веќе е наречен „Глупиот и поглупиот”.
Џабе што едниот има јужноамериканско име, Хорхе, кога или стои здрвен ко фикус на теренот и не прави ништо или (што се покажа и уште пооопасно за нас) жонглира во опасната зона и откако ќе им намести гол на противниците, бара да го повлече потегот назад. Овој лик е како да сте си го нарачале Хорхе Валдано, ама по „Али експрес”.
Таму е и оној другион од тандемот, наше дете, од локален клуб, Мицко, без поголемо интернационално искуство, ама миленик на тренерите. Залижан како Италијанец, растрчан по теренот како надојден Вардар, одморен зашто влезе само за последните минути како резерва. Ама, џабе сето тоа, сомнежите за неговите квалитети, нешто што ги следи сите фудбалери на кои цела кариера тренер им бил сопствениот татко, се повеќе се обвистинуваат, толку малку минути на теренот, а толку пропуштени шанси одамна не се видени на терените.
Не само што не игра ништо подобро од играчот што го замени, туку навивачите со право се прашуваат зошто беше потрошена една замена кога влезе играч со ист профил и исти квалитети како лудакот што моравме да го извадиме од игра поради очајна дезориентација на теренот и целосно неразликување на сопствениот со противничкиот гол.
Освен што играат лошо, даваат и глупави и демотивирачки изјави за медиумите. Еве, овој вториов на пример, за репортерката на фудбалското шоу „Сè, само вистина не”, изјави дека не знае за кој тим ќе игра на референдумот, или во превод, ќе почека прво да види кој победува, па потоа ќе избере страна.
Средината на теренот ни е микс од играчи поставени по клуч и млади недокажани таленти, а одбраната колку-толку влева сигурност, зашто е препуштена на искусен и стабилен играч, иако противничките тимови најчесто се изненадени дека на тоа место играме со жена.
Како и да е, како за тим кој со години бил воден погрешно, и како за тим со повеќе селектори и советници отколку играчи, резултатот не е толку лош. За крајна оценка, сепак, останува да ги изгледаме и продолженијата.