Вести

Прашалник на БИРН за скопскиот јавен превоз

Споделете го вашето искуство

Чести доцнења на работа или на училиште, автобуси што не го следат возниот ред, гужви и турканици – вака изгледа скопскиот јавен превоз, кој на десетици илјади жители на главниот град им е единствен избор за да стигнат до посакуваната дестинација.

БИРН сака да ги слушне вашите искуства со скопскиот јавен превоз, а целта на овој прашалник е да дознаеме кои се најпроблематичните линии, со какви проблеми се соочувате и колкумина од вас можеби веќе размислуваат да се откажат од возењето со автобус.

Затоа овој прашалник е наменет за оние граѓани кои во последните шест месеци редовно го користеле скопскиот јавен превоз.

Анкетата е целосно анонимна, а вашите одговори се безбедни и шифрирани. БИРН нема да објави никакви лични податоци без претходна согласност.

За да го споделите вашето искуство со нас, пополнете го формуларот.