Репортажи

„Скопје 2014“ во 2023

Одлепени парчиња фасада и стиропор, поткршени плочки, небезбедни премини, влага и мувла… Околу старо-новиот МНТ и по некоја вреќа со песок која служи како насип од дождовите. Внатрешната „рана“ со години не е зацелена.

Објектите од левата страна на кејот на Вардар кои се дел од проектот „Скопје 2014“, како зградата на Археолошкиот музеј, Уставниот суд и Државниот архив, зградата на Агенцијата за електронски комуникации, сѐ повеќе ги фаќа ерозијата.