Вести

Споделете го вашето искуство: посредување при работа во странство

Фото: Pexels, Густаво Фринг

Почитувани читатели,

Би сакале да слушнеме искуства од луѓето што ги користеле услугите на агенциите за посредување при наоѓање работа во странство и на други посредници.

Во време кога во Европа има голем недостиг од работници во многу сфери, од производствени до услужни, и кога западноевропските, но и некои соседни земји нудат плати што се многу поконкурентни од локалниот пазар на трудот, разбирливо е дека има нов бран иселувања или заминувања на привремена работа во странство.

А кога некој тренд станува масовен, многумина брзаат да ги искористат бизнис-можностите што ги нуди таа ситуација. Во овој случај, тоа се посредниците за работа во странство. Во многубројните понуди што може да се најдат на интернет има сѐ – од регуларно регистрирани фирми и агенции, до поединци што може да се контактираат само на мобилен телефон. Нивните услуги се нудат преку реклами во медиуми, на социјалните мрежи и на страниците за огласи.

Во оваа сфера работат и легитимни компании, но и  опортунисти што се обидуваат да го искористат моментот, а како што се зголемува потребата од нивните услуги, така расте бројот и на едните и на другите. Повремено се појавуваат и информации за измамени лица што платиле, но не добиле никаква услуга, или што добиле нешто сосема различно од она што им било ветено.

Целта на оваа анкета е:

  • да добиеме информации за сите видови проблеми што се појавуваат при посредувањето за работа во странство
  • да откриеме колкав е обемот на овие проблеми
  • да ги утврдиме начините на кои корисници стануваат жртви на измама и мерките што ги преземаат за да ја истуркаат правдата

Како да учествувате?

За да го испратите вашето искуство, само пополнете го овој формулар. БИРН нема да објави никакви лични податоци без претходна согласност. Вашите одговори се безбедни и шифрирани.