Се уште не е почната манифестацијата на собирот на движењето Бојкотирам пред Собранието, но насобраните неколку стотини поддржувачи веќе го слават пропаѓањето на референдумот.
Насобраните граѓани си честитаат меѓу себе со пораки како Македонија вечна и други. Скандираа оставка за Владата на Зоран Заев и побараа предвремени парламентарни избори.
Присутните на ракавите лепат налепници со 16-крајното сонце и со еврејската ѕвезда. Велат дека го поистоветувале страдањето на македонскиот народ со холокаустот на Евреите.
Главната сцена и натаму се подготвува. Покрај неа се актерката Арна Шијак и претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, а меѓу присутните се и отецот Ивица Тодоров и професорот Сотир Костов.