Флеш Вести28/10/2022 13:22

Професионален новинар наспроти објавувач на социјалните мрежи

Македонија и годинава, како и годините пред тоа, е на дното на листата што мери колку граѓаните им веруваат на лажните вести. 

Прашањето е како тие да препознаваат на кого треба да му веруваат кога ги читаат информациите.

Дали секое пишување на социјалните мрежи е новинарство? Има ли разлика  меѓу професионален новинар и некој што пишува и објавува на социјалните мрежи?

Ако има, тогаш што е тоа што ги разликува, ги прашавме искусните новинари Жарко Јорданоски и Милка Смилевска.