Флеш Вести09/11/2022 13:41

Јордан Камчев е на слобода

Јордан Камчев од шести ноември е на слобода. Информацијата за БИРН ја потврди директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќура, каде што бизнисменот ја издржуваше затворската казна.

„Кај нас е се` завршено“, рече Ќура во телефонскиот разговор за БИРН. Тој објасни дека Камчев побарал и добил и кратко отсуство.

„Лично му дадов месец дена“, ни кажа директорот на затворот.

Како што веќе објавивме, до ова доаѓа откако Камчев побара, а судот му дозвoли да ги спои двете казни за предметите „Империја“ и „Плацови на Водно“ и му ја намали вкупната казна од 24 месеца на 20 месеца затвор.

Од нив се минусираат и деновите поминати во притвор и куќен притвор.