Флеш Вести13/01/2020 12:54

Интегритет и авторство во новинарството на Западен Балкан

Дваесет и првиот век требаше да биде златно доба за новинарството, време за попрецизна, подостапна, потранспарентна општествена поврзаност во потрага по јавниот интерес. Каде е проблемот? Веруваме дека одговорот е во враќањето на интегритетот и авторството во новинарството. 

Авторството е едно од големите општествени и политички прашања на нашето време и огромен предизвик за новинарите, професионалците во вестите, креаторите на политиките и активистите за медиумски реформи што се заинтересирани за обликување на иднината на медиумите. Ова е прашање што ќе го промени, не само новинарството и индустријата, туку и актуелната демократија. 

Целта на проектот се нови наративи и повторно навраќање на професионалните новинари, корисниците на традиционалните и новите медиуми кон принципите и практиките на професионалното, етичко и одговорно новинарство, кое ѝ служи на јавноста како поддршка на политичката партиципација и демократизација на општеството.

Ги повикуваме младите новинари и новинарите со искуство од Запaден Балкан да се пријават за учество на работилницата во рамки на проектот Интегритет и авторство во новинарството.

Седумдневната работилница што ќе се одржи во Белград, во Центарот за културна деконтаминација од 21 до 27 април 2020, со предавачи од различни области од земјите во регионот (Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Албанија и Србија), ќе вклучува и менторство и продукција. 

Ве молиме во вашата пријава да одговорите на следните прашања:

– Зошто сметате дека е важен интегритетот на новинарите?

– Зошто аплицирате на овој повик?

– Што очекувате од оваа работилница?

– Кои теми би сакале да ги покривате, а не сте имале можност или поддршка?

Ве молиме со апликацијата да испратите и CV. 

Апликацијата испратете ја на [email protected] до 3 февруари 2020.

Средства од проектот ќе ги покријат трошоците за сместување и патување за 15 учесници.

Проектот е реализиран од Центарот за културна деконтаминација Србија, во партнерство со БИРН Македонија во Скопје, Центарот за демократски транзиции во Подгорица, Црна Гора, Косово 2.0 во Приштина, Косово,  и Qendra Media dhe Çështjet Shoqërore//Pozitivi.org од Тирана, Албанија.

Проектот е поддржан од страна на Фондот за човекови права (2019-2021) на Амбасадата на Кралството Холандија во Белград.