Интервјуа

„Многу новинари работат за минимална плата“

Интервју со Перо Момировски од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)

За ниските плати на новинарите, бизнис и политичките влијанија, потребата од внимателна регулација на порталите и за новинарите од внатрешноста, кои се во борба за егзистенција, во видеоинтервју за БИРН зборува Перо Момировски, новинар и активен член на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Момировски, во интервјуто, говори и за важноста од синдикално здружување во новинарската фела.

Повод за разговорот, освен 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, беа и резултатите на истражувањето „Професионален статус и работнички права на новинарите и медиумските работници“, кое минатата недела заеднички го објавија ССНМ и Институтот РЕСИС.

Истражувањето покажа дека за околу 3.000 новинари и медиумски работници, колку што има во македонските редакции, најголеми проблеми се ниските примања, стресот при работа и непочитувањето на основните работнички права.