Скопскиот аеродром и автопатот од Табановце до граничниот премин Богородица од вчера официјално имаат нови имиња, откако владината одлука за преименување излезе во Службен весник.
Аеродромот што до вчера го носеше името на „Александар Велики“ сега ќе се вика „Меѓународен аеродром – Скопје“, додека автопатот што го носеше името на истиот историски лик од антиката сега ќе го носи името „Пријателство“.