Сите повици на фиксната мрежа кон и надвор од зградата на Јавното обвинителство биле снимани од септември 2016 до денес, брифираше денеска ОЈО.
За ова обвинителството неодамна отворило предистрага за да утврди дали овие снимени материјали биле злоупотребени и изнесени.
Снимените разговори се наоѓаат на два хард диска што се дел од телефонската централа набавена кога во 2013 година беше пуштена во употреба новата зграда на ОЈО на скопскиот кеј.
Обвинителството ќе проверува дали се снимало и пред 2016 и дали тие снимки биле бришени од системот.