Вести

Прашалник на БИРН за корупција во здравството

Споделете го вашето искуство

Почитувани читатели,

Секој од нас барем еднаш во животот имал потреба да отиде на лекар. Некој за утврдување на дијагноза, друг за хируршка интервенција, трет за одредување хронична терапија итн. И многу често, здравствените лавиринти знаеле да бидат толку заплеткани, па излезот се гледал во едно – да се даде мито.

Во земја во која граѓаните немаат доверба во здравствениот систем, корупцијата е очекувана последица. Затоа и сакаме да ги слушнеме вашите искуства за овој проблем.

Дали некој ви побарал мито кога сте имале здравствен проблем? Дали можеби сами сте дале подарок во знак на благодарност за добро завршената интервенција?

Целта на оваа анкета е да добиеме информација колку е распространет овој вид корупција, зошто сте донеле ваква одлука и кои биле последиците од неа.

Секако, оваа анкета е целосно анонимна, а вашите одговори се безбедни и шифрирани. БИРН нема да објави никакви лични податоци без претходна согласност.

За да го споделите вашето искуство пополнете го формуларот.