Вести

Прашалник на БИРН за недостиг од места во градинките

Споделете го вашето искуство

Иако секое дете би требало да може да се запише во градинка, тоа секогаш не е лесен процес за родителите. Неретко нема место во градинките, па родителите треба да наоѓаат други решенија за згрижување на своите деца.

Тоа значи дека децата ги чуваат нивните баби и дедовци, но некогаш родителите се присилени и да ангажираат и негувател(к)и, што претставува дополнителен трошок за семејствата. А некогаш тоа значи и барање врски.

Ѓоко Велковски, заменик-министерот за социјална политика демографија и млади, на почетокот на јануари изјави дека во Македонија, 4.000 деца се на листа за чекање во градинките.

БИРН истражува колкав е обемот на овој проблем. Прашалникот е наменет за родители и старатели на деца на претшколска возраст, кои во последните три години имале тешкотии да најдат место или воопшто не нашле место во градинките. Тој е целосно анонимен, а одговорите се безбедни и шифрирани. БИРН нема да објави никакви лични податоци без претходна согласност.