Повеќе од 75 илјади евра вреди договорот што Службата за општи и заеднички работи на Владата го склучи со фирмата Урбан стил инжинеринг за изработка на ревидиран основен проект за изградба на „Стара учителска школа“ во Скопје.
Договорот за идејата содржана во предизборните ветувања на ВМРО ДПМНЕ е склучен вчера, на 16 јануари, а денеска е веќе објавен на страната на Бирото за јавни набавки.
Урбан стил инжинеринг е една од компаниите изведувачи на објектите од Скопје 2014 како што е плоштадот Скендербег.