Запленување на партиското седиште и нова затворска казна за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова е дел од епилогот на двегодишниот судски процес по обвинението на СЈО наречено Талир 2, кое финишираше денеска во скопскиот кривичен суд.
Покрај популарната Бела палата во центарот на Скопје, судот денеска одлучи да заплени уште 30 имоти на ВМРО-ДПМНЕ, за кои во судскиот процес се докажа дека се купени со парите добиени од кривичното дело
Груевски доби неправосилна казна од шест години затвор за злоупотреба на службената должност, додека за истото дело, екс генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски доби условна казна затвор од две години, која нема да се ефектуира доколку во меѓувреме не направи друго кривично дело.
Покрај популарната Бела палата во центарот на Скопје, судот денеска одлучи да заплени уште 30 имоти на ВМРО-ДПМНЕ, за кои во судскиот процес се докажа дека се купени со парите добиени од кривичното дело.
Груевски и Божиновски се товарат дека како први луѓе на партијата, што во критичниот период (од 2011 до 2016) била на власт, ја искористиле позицијата на моќта за да обезбедат ново партиско седиште вредно седум милиони евра и дополнително нешто повеќе од два милиони евра од градежната фирма „Бетон“.
Она што во јавноста беше презентирано како договор за соинвеститорство, ВМРО-ДПМНЕ вложува земјиште – „Бетон“ го гради објектот, судот го процени како незаконска донација или финансирање на партијата. Најголемиот проблем при овој дил е тоа што ВМРО-ДПМНЕ имала договор за соинвеститорство, кој бил несразмерно во полза на партијата со фирма која во тие години дури 75 проценти од приходите ги добивала од договори со државните институции, јавни претпријатија или општини.
Спорен е првичниот договор, во кој партијата и градежната фирма се договориле ВМРО-ДПМНЕ да добие 43 отсто од изградениот објект, иако судската проценка била дека тоа не можело да биде повеќе од 20 отсто, со оглед на односот меѓу вредноста на земјиштето и на објектот
Спорен е првичниот договор, во кој партијата и градежната фирма се договориле ВМРО-ДПМНЕ да добие 43 отсто од изградениот објект, иако судската проценка била дека тоа не можело да биде повеќе од 20 отсто, со оглед на односот меѓу вредноста на земјиштето и на објектот. Предмет на обвинението беше и дополнителниот договор меѓу овие две страни преку кој партијата обебедила два милиона и 160.000 евра, а кој се однесувал на проценката на ВМРО-ДПМНЕ дека наместо 43 отсто од објектот во центарот на Скопје, добила 37 отсто.
Токму за овој договор БИРН пишуваше пред пет години.
Останува дилемата дали државата ќе го преземе седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, со оглед дека тој објект е под хипотека.
ВМРО-ДПМНЕ неколку дена пред парламентарните избори во 2016 зела кредит од три милиони евра од Комерцијална банка и за таа цел го заложила под хипотека своето ново седиште – палатата „Христо Татарчев“.
Оваа затворска казна е вкупно четврта за поранешниот премиер Никола Груевски. Претходно беше осуден за купувањето на владиниот мерцедес, за што доби две години, и за случајот наречен „Шамари во Општина Центар“, за што доби година и пол. Неодамна Груевски беше осуден и на седум години затвор во случајот познат како „Плацови на Водно.