Репортажи

(Видео) Авторски права: Лажна дилема за колегијалноста

На терен со фоторепортерката Арбнора Мемети

„Јас во медиумската сфера сум лошата фоторепортерка затоа што јас реагирам за секоја украдена фотографија“, вели младата фоторепортерка Арбнора Мемети.

Таа веќе седум години е во медиумите и е многу гласна кога се работи за почитување на авторските права. Објаснува дека преземањето фотографии без нејзина дозвола најчесто се случува од колегите новинари, од други редакции.

За нејзината заложба за почитување на авторските права таа говори во видеото на Призма.