Дарко Алексов, првиот човек на невладината МОСТ на прес-конференција изјави дека во моментов не е можно да се направи прецизна проекција за распределба на мандатите.
„Резултатите се премногу блиски за да се каже каква ќе биде распределбата на силите. Ова е првпат ова да се случи во Македонија. Методологијата со која што работиме едноставно не овозможува сега да се проектираат резултатите“, рече Алексов.