„Грција внимателно ги следи случувањата во пријателската поранешна југословенска Република Македонија. Тaa останува посветенa на Преспанскиот договор“, се вели во вечерашното соопштение на грчкото Министерство за надворешни работи.
„Резултатот од референдумот во поранешната југословенска Република Македонија, кој е советодавен, а не дел од обврзувачките услови од Преспанскиот договор, е контрадикторен. Тој покажува голема надмоќ на одговорот “За”, но без соодветно учество. Голем дел од општеството на соседната земја го поддржа договорот. Сепак, значителен дел од него изрази скептицизам. Грција ги почитува изборите на граѓаните на поранешната југословенска Република Македонија.“
„Министерството за надворешни работи на Грција генерално смета дека климата на национализам и сомневања, секојдневните лажни вести и екстремен фанатизам, за жал, не дозволуваат трезвена проценка на големите придобивки од договорот и го спречуваат неопходното меѓусебно разбирање на народите и развојот на нивната соработка.“
„Следните чекори бараат искреност од сите страни без исклучок, така што позитивниот потенцијал на Преспанскиот договор може да се зачува“ се вели меѓу другото во соопштението на грчкото МНР по повод одржаниот референдум во Македонија.