Флеш Вести30/09/2018 20:46

Мицкоски: Договорот со Грција доби „стоп“ од народот

„ВМРО ДПМНЕ ќе ја следи волјата на народот, а народот е против договорот Заев – Ципрас“ изјави на прес конференцијата во седиштетно на партијата лидерот Кристија Мицкоски. 

Според него, јасната порака на народот е испратена, не само до власта туку и до сите пратеници безоглед на која коалиција и припаѓаат.

„Денеска граѓаните испратија порака, ова е Македонија. Овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашите предци се Македонци, а такви ќе бидат и идните генерации. Затоа ја имате мојата почит. Нашиот народ е силен“ рече Мицкоски.

Тој ја обвини власта за обид за фалсикување на волјата на гласачите за што како што рече „ќе одговараат“.
На прашањето за можни предвремени избори тој изјави дека „Заев треба да се подготвува за политичка пензија, а не за избори“.