Вести

Едногодишна БИРН обука за истражувачкo новинарство

Можност да бидат дел од оваа програма ќе добијат десет студенти или млади новинари

Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) организира едногодишна обука за истражувачко новинарство наменета за млади новинари и за студенти кои имаат желба да го изберат новинарството за своја идна професија.

Можност да бидат дел од оваа програма ќе добијат десет кандидати. Тие ќе минат низ серија обуки и со помош на ментори од БИРН ќе ги изработат своите први истражувачки стории, за што ќе добијат финансиска поддршка.

Во рамките на едногодишната обука, која ќе трае од септември 2023 до август 2024, планирано е учество на четири дводневни обуки, а целиот процес ќе биде заокружен со мини-летна школа за истражувачко новинарство.

Што ќе научите:

– Што се професионални и етички стандарди во новинарството

– Што е јавен интерес

– Kаде се кријат приказните

– Каде се наоѓаат и како се анализираат податоци

– Како се пронаоѓаат извори

– Како се пишува истражувачка сторија

Што добивате:

-Менторска поддршка и можност за објава на сторија на Призма

-Паричен надоместок за подготовка на сторија

-Сертификат

-Вмрежување

Детали за обуките:

Обуките ќе ги држат искусни новинари кои на групата десет одбрани студенти или новинари почетници ќе им бидат и ментори до завршувањето на сториите.

Oд избраните кандидати се очекува да го применат стекнатото знаење во изработка на новинарски стории. Пет стории изработени од еден или од група учесници ќе бидат објавени на www.prizma.mk. За секоја од нив е предвиден хонорар од 250 евра.

Завршната летна школа ќе се одржи во текот на летото 2024 и ќе биде посветена на достапните алатки и техники за истражувачко новинарство. Сите обуки ќе се одржуваат надвор од Скопје.

За учество на едногодишната обука е потребно да се пополни формуларот во продолжение. Краен рок за пријавување е 15.08.2023. Кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат поканети на интервју.

За сите дополнителни прашања можете да се обратите на [email protected] .