Вести

Едногодишна БИРН обука за истражувачко новинарство

Можност да бидат дел од оваа програма ќе добијат десет студенти или млади новинари

Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) објавува повик за втора генерација млади новинари и студенти кои ќе бидат учесници на едногодишна обука за истражувачко новинарство.

Можност да бидат дел од оваа програма ќе добијат десет кандидати. Тие ќе минат низ серија обуки и со помош на ментори од БИРН ќе ги изработат своите први истражувачки стории, за што ќе добијат финансиска поддршка.

Во рамките на едногодишната обука, која ќе трае од септември 2024 до август 2025, планирано е учество на четири дводневни обуки, а целиот процес ќе биде заокружен со мини-летна школа за истражувачко новинарство.

Што ќе научите:

– Што се професионални и етички стандарди во новинарството

– Што е јавен интерес

– Kаде се кријат приказните

– Каде се наоѓаат и како се анализираат податоци

– Како се пронаоѓаат извори

– Како се пишува истражувачка сторија

Што добивате:

-Менторска поддршка и можност за објава на сторија на Призма

-Паричен надоместок за подготовка на сторија

-Сертификат

-Вмрежување

Детали за обуките:

Обуките ќе ги држат искусни новинари кои на групата десет одбрани студенти или новинари почетници ќе им бидат и ментори до завршувањето на сториите.

Oд избраните кандидати се очекува да го применат стекнатото знаење во изработка на новинарски стории. Пет стории изработени од еден или од група учесници ќе бидат објавени на www.prizma.mk. За секоја од нив е предвиден хонорар.

Завршната летна школа ќе се одржи во текот на летото 2025 и ќе биде посветена на достапните алатки и техники за истражувачко новинарство. Сите обуки ќе се одржуваат надвор од Скопје.

За учество на едногодишната обука е потребно да се пополни формуларот во продолжение. Краен рок за пријавување е 06.09.2024.

За сите дополнителни прашања можете да се обратите на [email protected].