Репортажи

(Фото) Излегоа на марш за љубов – Трета парада на гордоста во Скопје

Виножитото повторно се „распосла“ низ центарот на главниот град

Повторно се развиореа боите на виножитото во знамето на ЛГБТИ заедницата. Годинава по третпат, под мотото „Излези за љубов, достоинство, еднаквост, правда“.

Зборно место  беше „Жена-парк“. Гардеробата позната: сè во знакот на виножитото.

Громогласно беа повторени барањата за еднаквост во општството, бидејќи, како што рекоа говорниците од познатото камионче, плаќањето еднакви даноци значи eднакви права и обврски за сите.

Присутните ги поздрави претставник на белградскиот Прајд, кој, најави дека ќе ја организираат најголемата европска Парада на гордоста што ќе се одржи во Белград. Присутни беа и вицепремиерот Бојан Маричиќ ,  министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска, собраниски пратеници, амбасадорката на САД Кејт Брнз и евроамбасадорот Дејвид Гир

Маршрутата се движеше низ центарот на градот, а како и претходните години, завршниот настан беше забавата во градскиот парк, поточно на стадионот на АРМ, каде следуваше музичка програма со домашни и странски артисти.

Освен од Македонија, на Парадата на гордоста и годинава имаше гости од соседните земји,  Европа и од светот.

Фотогалерија | БИРН