Репортажи

(Галерија): Северот блокираше

Снежниот бран го блокираше сообраќајот, противниците на Северна Македонија го блокираа Парламентот, а барањата на БЕСА ги блокираа уставните измени

Денот помина со блокади. Снежниот бран од север го блокираше сообраќајот, противниците на името Северна Македонија го блокираа Парламентот, а барањата на БЕСА, кои дојдоа како студен туш, ја блокираа собраниската седница за уставни измени.

Дворот на Владата под снежна покривка и под зголемено обезбедување

Студот северен, тагата останува јужна

Замрзнат поглед во вистинска насока

„Солунски конгрес“ и…

… солунски атентатори

Сирена на снег

Мост „Око“

„На точак“ во зимско издание

Цел ден врнеше снег

Градските служби се трудеа, ама…

…Скопје сѐ уште сонува…

…чисти улици

Заштита од северни влијанија…

…и лавот пуштен на најгласно

Стотина демонстранти пред Собранието…

…Иванов само на слика

Прометеј 

Амандманите во Собрание

Се чекаше говорот на Мицкоски…

…а, не се дочека собраниската седница

Топла облека се препорачува и за утре…

…кога ќе се бара нова шанса за Северна Македонија.