Репортажи

Годината низ фотографии

Од јануари до декември низ објективот на Роберт Атанасовски

Во 2019 година Република Северна Македонија стана реалност

И го помина речиси целиот пат до членството во НАТО

Државата го избираше својот петти претседател

Во првото соочување со гласачите по промената на името

Професорката Гордана Силјановска Давкова беше блиску

Но на крајот Стево Пендаровски ја доби честа

Да го испрати Ѓорге Иванов во пензија

Автобусите го најавуваа Папата Франциск

А малиот Папамобил го донесе на плоштадот Македонија

По сокаците на Вевчани се бркаа злите духови

Низ улиците на Скопје помина првата Парада на гордоста

Втората парада на европските ракометни шампиони, по 2017

И првиот грчки премиер во официјална посета

Галичките тапани чукаа силно

Но аферата „Рекет“ удри многу посилно

Доволно за да го урне целото Специјално јавно обвинителство

Шеснаесет животи згаснаа во големата автобуска несреќа

А неколку илјади повторно одзеде загадувањето

Така Земјата заврте уште еден круг околу сонцето