Регион

Хаг одби предвреме да ги ослободи „нерехабилитираните“ осуденици

Механизмот за меѓународни кривични трибунали (ММКТ), отфрли три барања за предвремено ослободување на хашки затвореници бидејќи тие не покажале знаци на рехабилитација

Милетиќ ја издржува казната во еден од затворите во Финска. Иако Милетиќ, според законите на таа држава, но и според долгогодишната практика на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) и неговиот наследник, ММКТ, имаше право да побара предвремено ослободување, откако отслужи две третини од својата казна, судиите кои го осудија не се согласија дека треба позитивно да му се одговори на барањето, со оглед на тежината на делата за кои беше осуден.

Еден од тие судии е Кармел Агиус, кој му предложи на тогашниот претседател на ММКТ, Теодор Мерон, барањето на Милетиќ да биде одбиено, поради фактот што тој не покажал ниту „најмал знак на рехабилитација“.

„Според судијата Агиус, тоа што Милетиќ ја согледал тежината на своите дела, како што тој изјави преку неговиот адвокат, во никој случај не е доволен израз за негова рехабилитација, особено затоа што Милетиќ, во текот на првостепениот процес, се однесуваше ‘студено, се караше и беше бескомпромисен’“, стои во одлуката на Мерон.

Само неколку месеци по одлуката во случајот „Милетиќ“, на почетокот на 2019 година, Агиус дојде на чело на ММКТ и ја продолжи практиката на барање на докази за рехабилитација, при донесувањето на одлуките по барањата за предвремено  ослободување од затвор, по отслужени две третини од казната.

Така, во јануари оваа година, тој го отфрли барањето на поранешниот член на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО), Мирослав Брало, за предвремено ослободување од затворот во Шведска, во кој тој ја издржува 20-годишната казна, за злосторства извршени во селото Ахмиќи, во близина на градот Витез, во 1993 година.

„Генерално, не сметам дека е соодветно да им се овозможи на затворениците да се вратат во погодените подрачја, пред да ја издржат целата казна, без да покажат одреден степен на рехабилитација, но и нивното ослободување да не го загрози мирот и безбедноста во предвиденото место на живеење“, рече судијата Агиус.

Во својата одлука, тој цитираше извештај на медицински службеник во затворот, на кого Брало му рекол дека „не чувствува никакво вистинско каење за своите постапки“.

„Позитивно за сите жртви“

 

Кaрмел Агиус. Фото: MKТЈ.

Претседателот на Здружението на жртви и сведоци на геноцидот, Мурат Тахировиќ, ја поздрави новата практика на Агиус.

„Со доаѓањето на судијата Агиус, дојде до потемелно испитување на барањата (за предвремено ослободување) и до денес сите барања на осудените лица се одбиени. Тоа е секако позитивно за сите жртви, а особено за сведоците“, вели Тахировиќ за БИРН.

Но, други се спектици во однос на оваа промена.

„Мислам дека фактот, осудените лица да го признаат извршувањето на делото како услов за предвремено ослободување е целосно неприфатлив, особено ако тие, во текот на постапката, се изјасниле за невини по делото за кое се обвинети. На овој начин, тие во извесна смисла се принудуваат да ја признаат вината“, заклучува адвокатот Лазаревиќ.

Во моментов, 16 лица осудени од МКТЈ, издржуваат затворски казни за злосторства извршени во БиХ, додека двајца сè уште чекаат трансфер во земјите каде ќе ги издржуваат своите казни – поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, и поранешниот офицер на силите на босанските Хрвати, Миливој Петковиќ.

На почетокот на март годинава, судијата Агиус го одби барањето за предвремено ослободување на Радослав Брѓанин, поранешен политички лидер на САО Краина, осуден на 30 години затвор за злосторства против човештвото.

Во својата одлука, Агиус наведе дека „големата тежина на неговите злосторства е пречка за негово предвремено ослободување. Понатаму, Брѓанин не покажа дека е успешно рехабилитиран“.

Судијата Мерон, додека беше на чело на Трибуналот, ги одби барањата за предвремено ослободување на Станислав Галиќ, воен  командант на сараевско-романискиот корпус на ВРС, на Горан Јелисиќ, поранешен стражар во логор што го воделе босанските Срби и на Радислав Крстиќ, поранешен генерал на ВРС, но само затоа што не отслужиле две третини од своите казни.