Актуелно

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ: Груевски не се повлекува

На двочасовниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на владините политики што се одржа пред Собранието, лидерот на партијата и премиер Никола Груевски изјави дека нема да се повлече од функцијата, дека „креираните“ материјали на опозицијата уште повеќе ги зајакнала и дека Македонија нема да дозволи да има премиер како Зоран Заев.

На собирот на владејачката партија пред Собранието имаше активисти и симпатизери од многу градови во земјава, се вееја партиски знамиња и знамето на Македонија, а дел од активистите носеа жолти крстови. Со свои говори настапија историчарката Виолета Ачкоска, лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски и почесниот претседател на СОНК Дојчин Цветановски. Најголем дел говорите беа против „политичките бомби“ на опозицијата, а последен настапи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски кој читаше говор од 45 минути.

„Мислеа дека ќе не скршат, со креирани и монтирани снимки и со терористички банди, мислеа дека ќе потклекнеме, но вечерва го добиваат одговорот – Македонија не се предава, Македонија е силна“, рече Груевски додавајќи дека „нема повлекување, нема потклекнување, нема предавање“.

Од фотогалеријата на БИРН може да се види атмосферата од денешниот митинг.