Регион

Протести во Албанија, се бара безбедност на плажите

Протести по трагичната смрт на дете на плажа

Под слоганот „(Неа) не ја уби брод, туку државата“, илјадници Албанци во четвртокот побараа оставка од шефот на полицијата, министерот за туризам, министерот за внатрешни работи и премиерот – и побараа поголема заштита на плажите. На протестот беа присутни и опозициски политичари.

Седумгодишното дете загина во вторникот откако било удрено од глисер управуван од полицаец што во моментот не бил на должност.

Смртта ја шокираше земјата во која многумина бараат поголема безбедност на плажите.

Полицијата, во вторникот ги отпушти сите вработени во командниот синџир на локалната Дирекција за граница и миграција на Валона поради „неприменување дополнителни мерки за спречување инциденти со пловила во крајбрежните области“.

Премиерот Еди Рама, сепак, ја отфрли загриженоста на јавноста, велејќи дека „до вчера ова беше најсигурната летна сезона“.

Минатиот месец, во близина на Драч загина 18-годишно момче додека се обидуваше да го спаси својот петгодишен брат и неговиот пријател од давење. Брачна двојка минатиот месец, исто така, била удрена од глисер на плажата Јал.

 Фото: Ненси Богдани/БИРН

Фото: Ненси Богдани/БИРН

Фото: Ненси Богдани/БИРН

Фото: Ненси Богдани/БИРН

 

Фото: Ненси Богдани/БИРН

Фото: Ненси Богдани/БИРН

Фото: Ненси Богдани/БИРН