Интервјуа

SLAPP тужби – злоупотреба на правниот систем за замолкнување на новинарите

Видео интервју со Драган Секуловски, извршниот директор на ЗНМ

Ефектот од стратешките тужби против учеството на јавноста, или ткн. SLAPP тужби, е застрашувачки, вели извршниот директор на Здружението на новинари на Македонија, Драган Секуловски.

Тој во видео интервју за БИРН забележува дека овие тужби не се проблематични само за новинарите, кои се најчеста мета, туку и за целата јавност, бидејќи ѝ се ускратува правото да знае повеќе.

„Бројките во Македонија се релативно ниски во споредба со другите земји во регионот. Но, самата природа на тужителите е загрижувачка и веќе има неколку пресуди на штета на медиуми“, посочи тој.

На почетокот на април, Комитетот на министри на Советот на Европа ја усвои Препораката за борба против употребата на SLAPPs тужбите. Според Секуловски, има простор да се подобрат националните закони. Но, за тоа е потребна волја и ангажираност од властите.