Вести

Споделете го вашето искуство за тргување со криптовалути

Пополнете го прашалникот на БИРН

Дали сте купувале биткоин или некоја друга криптовалута? Како чувте за можноста? Тргувате онлајн или преку менувачници? Успеавте ли да остварите заработка?

Поради драматичниот раст на вредноста на различни криптовалути во последните години, луѓето сериозно и сѐ почесто инвестираат во вакви дигитални средства. Некои луѓе тврдат дека заработиле многу, додека други имале скромна заработка или, пак, изгубиле значителни суми.

БИРН истражува колку е распространета оваа појава во македонското општество и затоа сакаме да ги слушнеме вашите искуства. Прашалникот е наменет за луѓе што инвестирале во криптовалути, но и за оние што би сакале да споделат искуство на блиски, кои се занимавале со тоа.

Прашалникот е целосно анонимен, а вашите одговори се безбедни и шифрирани. БИРН нема да објави никакви лични податоци без претходна согласност.

За да го споделите вашето искуство со нас, пополнете го формуларот.