Регион

УЕФА дозволи да се одржи пријателски натпревар меѓу Босна и Русија

Натпреварот меѓу руската и босанската фудбалска репрезентација не е спротивен на прописите, велат од УЕФА

„Пријателските натпревари не се дел од натпреварувањата на УЕФА и како такви не се дел од надлежноста и одговорноста на УЕФА“, изјавија за БИРН од официјалната асоцијација на европскиот фудбал.

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, во петокот го прифати пријателскиот натпревар со селекцијата на Русија, закажан за 19 ноември, кој предизвика поделени реакции во Босна.

„Предложениот пријателски натпревар не е во спротивност со одлуката на Извршниот комитет на УЕФА да ги суспендира руските тимови од натпреварувањата на УЕФА“, додаде УЕФА.

Фудбалскиот сојуз на Босна, до моментот на објавувањето на текстот, не одговори на прашањата на БИРН за натпреварот.

Репрезентацијата на Русија беше суспендирана од сите натпреварувања на ФИФА и УЕФА по руската инвазија врз Украина во февруари годинава. Сите планирани натпревари беа откажани. Покрај Босна, руската селекција во скоро време ќе игра само со Киргистан.

„Јас сум против да се игра! Јас сум секогаш и само за мир. Фудбалскиот сојуз го знае моето мислење“, изјави Един Џеко, најуспешниот напаѓач на Босна и капитен на националниот тим, а пренесе Klix.ba

Тој натпревар е закажан за 24 септември.

Од нејзината независност во раните 1990-ти, Босна нема одиграно ниту еден натпревар против репрезентацијата на Русија, што покрена прашања за времето на оваа одлука. Многумина ја нарекоа политичка одлука, која нема да биде од корист за босанскиот спорт.

„Оваа одлука е доказ за длабоката политизација на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, чии последици можат да влијаат врз целата земја“, рече Нермин Никшиќ, претседател на Социјалдемократската партија.

Многу босански фудбалери и репрезентативци, исто така, ја осудија оваа одлука и побараа натпреварот да се откаже.

„Јас сум против да се игра! Јас сум секогаш и само за мир. Фудбалскиот сојуз го знае моето мислење“, изјави Един Џеко, најуспешниот напаѓач на Босна и капитен на националниот тим, а пренесе Klix.ba.

„За жал, не сум јас тој што одлучува против кого ќе игра Босна и Херцеговина, но имам свој став, кој е јасен и не вклучува одржување на овој натпревар, додека страдаат невини луѓе“, додаде Џеко.

Најголемата група навивачи на националната босанска селекција, БХ Фанатикози, повика на бојкот на овој натпревар.

Од друга страна, руските медиуми се еуфорични по договорот на Босна да одигра пријателски натпревар.

„Одржувањето на натпреварот против Босна и Херцеговина претставува почеток на крајот на изолацијата на рускиот фудбал“, пишува во една анализа рускиот портал Sport Box.

Автор: Азем Куртиќ