„Сѐ да застане за работникот да опстане“, под оваа парола денеска во организација на Сојузот на синдикати на Македонија работниците го одбележаа меѓународниот ден на трудот 1 Мај.
Побараа усогласување на платите со порастот на минималната плата.
Тргнаа од пред зградата на синдикатот, поминаа пред Собранието, па пред зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и завршија пред Владата. Таму се сретнаа со вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјала Јована Тренчевска кои им ветија заедничка борба за поголеми права.