Регион

Ѓаковица: Поднесени нови кривични пријави за воени злосторства

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Шкендије Хода (лево), ги поднесува кривичните пријави. Фото: БИРН

Канцеларијата за собирање и документирање на воените злосторства во Ѓаковица,  на косовската полиција ѝ поднесе нови кривични пријави за наводни злосторства извршени од страна на српските сили.

Ова е 13-та серија на кривични пријави за воени злосторства, поднесени од оваа канцеларија, со што вкупниот број на досега поднесени пријави е околу 1.600.

„Случаите се различни. Од физичко малтретирање, убиства, до уништување на имот“, им изјави по поднесувањето на пријавите на медиумите во Приштина, шефот на канцеларијата Шкендије Хода.

„Целта на овие пријави е да пружат помош и докази за (воените) злосторства. Гледаме дека полицијата има волја да ги користи нашите докази “, додаде таа.

Во војната во Косово, повеќе од 10.000 албански цивили беа убиени, а стотици илјади протерани. Некои од жртвите по војната беа пронајдени во скриени масовни гробници во Србија.

Како исчезнати, во Косово и денес се водат 1.600 лица, претежно Албанци, но има и Срби.