Регион

Изложба за исчезнатите лица поставена во Собранието на Косово

Во обид да се влијае врз пратениците, повеќе да се ангажираат на решавањето на судбината на исчезнатите во Собранието на Косово е поставена изложба на фотографии на семејствата на лицата исчезнатите во војната

Куштрим Колиќи, уметник и активист за човекови права од Приштина, за БИРН вели оти се надева дека новата изложба, насловена како „Живеење со сеќавањата за исчезнатите“, со нејзиното поставување во Собранието, ќе има влијание врз пратениците.

На изложбата се поставени фотографии на Атхе Мула, кој работи и за БИРН, на кои е прикажан секојдневниот живот на семејствата на исчезнатите лица во војната 1998-1999 година во Косово.

„Ова е крик, со надеж дека неговото ехо ќе стигне до ушите и срцата на оние кои носат одлуки тука (во Собранието), бидејќи за семејствата на исчезнатите, војната  сѐ уште не е завршена“, истакна Колиќи.

На оваа изложба, која ќе биде поставена во Собранието на Косово до 30 април, се изложени и цитати на исчезнатите лица и сеќавања за нивниот живот.

Во ходникот се обесени и клучеви, 1.653 на број, по еден за секое лице кое и денес се води како исчезнато.

Изложбата беше отворена во петокот вечерта, по повод 11-годишнината од независноста на Косово и со неа се истакнува оти има семејства кои сé уште не можат да прославуваат, велат организаторите.

Фото: БИРН

Фото БИРН

Фото БИРН

Фото: БИРН

Фото: БИРН

Фото: БИРН