Регион

Петокрака ги налути хрватските бранители

  • 1
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Споменикот на црвената Риека. Фото: Риека 2020 – EПK

Големото уметничко дело – црвена ѕвезда петокрака, наречено „Споменик на црвената Риека“, во неделата беше поставено на повеќекатница во Риека, во знак на сеќавање на датумот кога највисокото тело на хрватското антифашистичко движење во Втората светска војна, Националниот антифашистички совет на народното ослободување на Хрватска (ЗАВНОХ), донесе одлука градот да биде преземен од рацете на нацистите, по капитулацијата на италијанските фашистички сили.

Сепак, како што објавија хрватските медиуми, во неделата попладне, во центарот на Риека, демонстранти предводени од бранителите, протестираа против оваа инсталација.

Никица Маравиќ, член на бранителско здружение, за хрватскиот весник „Нови лист“, изјави дека тие протестираат против „симболот на најголемото зло во Република Хрватска од ’45 година наваму“, поврзувајќи ја црвената ѕвезда со злосторствата на припадниците на ЈНА над Хрватите во војната во 90-тите.

ваа уметничка инсталација, дело на авторот Немања Цвијановиќ, е референца на црвената петокрака што беше подигната на истата повеќекатница во 1945 година. Инсталацијата, која е дел од програмата на градот за Европска престолнина на културата (ЕПК), ќе остане на оваа зграда до 4 октомври.

Скулптурата е изработена од армиран бетон и железна конструкција, во која се вметнати 2.800 делчиња од црвено стакло.

Стаклата, како што објасни Цвијановиќ, ги претставуваат 2.800 борци, кои загинаа во битката за ослободување на Риека од нацистите, во 1945 година.