Вести

Погрешно „враќање во нормала“ во скопскиот Градски парк

Утринска галерија од градскиот парк – пиво, вино и расфрлено ѓубре

Враќањето во нормала е ставено на пауза откако бројката на заболени од корона вирусот повторно достигна три цифри, па се воведе тридневен целосен карантин во најпогодените делови од земјата и се врати полицискиот час во остатокот од неа.

Во краткиот тест-период за враќањето во нормала, кога се укинаа рестриктивните мерки кон крајот на мај, некои граѓани се вратија на лошите навики за непочитување на едноставните правила, не само оние поврзани со Ковид-19 (држење дистанца, носење маски итн.), туку и на општите правила за јавната хигиена.

На пример, остатоците од пијалаци и од храна во скопскиот градски парк, кои се гледаат на фотографиите направени утрово, укажуваат дека таму се случуваат вечерни забави на поголеми групи, што не е дозволено ниту со препораките за заштита од корона вирусот, ниту со правилата за комуналниот ред. 

Наспроти фотографиите за тоа како се рехабилитирала природата, се исчистиле воздухот и водите и се вратил дивиот свет откако луѓето се повлекле, во Скопје, по којзнае кој пат, можеме да видиме што се случува со природата кога ќе се вратат луѓето. 

Фото: БИРН/А. Петрушева

Фото: БИРН/А. Петрушева

Фото: БИРН/А. Петрушева

Фото: БИРН/А. Петрушева

Фото: БИРН/А. Петрушева

Фото: БИРН/А. Петрушева

Фото: БИРН/А. Петрушева