Вести

Прашалник на БИРН за справување со булинг или малтретирање во училиште

Споделето го вашето искуство

„Ученички од трето одделение терале врсник да бакнува ВЦ-школка“, „ Наставник тепал ученик со аутизам среде училишниот двор“, „Основец претепал наставничка и нападнал соученици“. Ова се неколку од насловите во медиумите во последните месеци, кои илустрираат со какви проблеми се соочуваат учениците, нивните родители, но и вработените во македонските училишта.

Понекогаш се работи за булинг – меѓуврсничко насилство што се случува меѓу самите ученици. Во други случаи, станува збор за малтретирање на ученикот кога тоа го прави одреден наставник или друг вработен во училиштето. Во ваква средина, неретко жртви може да бидат и самите вработени, а сето ова резултира со училишта кои се небезбедна средина и кои не работат во најдобар интерес на детето.

БИРН истражува колкав е обемот на овој проблем и како системот одговара на него. Прашалникот е наменет за родителите, наставниците и вработените во училиштата. Тој е целосно анонимен, а одговорите се безбедни и шифрирани. БИРН нема да објави никакви лични податоци без претходна согласност.

За да го споделите вашето искуство со нас, пополнете го формуларот.