Регион

Радован Караџиќ ќе ja служи затворската казна во Велика Британија

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Британското Министерство за надворешни работи денеска објави дека се согласило воениот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, да биде префрлен во затвор во Велика Британија.

„Радован Караџиќ е една од ретките луѓе, кој е прогласен за виновен за геноцид. Тој е одговорен за масакр на мажи, жени и деца во геноцидот во Сребреница и помогна во одржувањето на опсадата на Сараево, која претставуваше напад врз цивили“, изјави Доминик Раб, министер за надворешни работи на Велика Британија.

„Треба да бидеме горди на фактот дека, од поддршката за негово апсење до неговото одење во ќелија, Велика Британија во претходните 30 години учествуваше во потрагата по правдата“, додаде тој.

Во март 2019 година, Механизмот за меѓународни кривични трибунали (ММКТ) го осуди Караџиќ на доживотен затвор за геноцид врз Бошњаците од Сребреница, за прогон на Бошњаците и на Хрватите ширум Босна и Херцеговина, за тероризирање на населението во Сараево за време на опсадата на градот и за држење на мировници на ООН, како заложници.