Регион

Во БиХ уапсен поранешен припадник на ВРС осомничен за воено силување

Фоча | Фото: БИРН

Полициските службеници го уапсија Радован Вељовиќ, поранешен припадник на Војската на Република Српска (ВРС), поради сомнение дека извршил силување и сексуална злоупотреба во 1992 година, во областа на Фоча, Босна и Херцеговина.

„Осомничениот е под истрага на Обвинителството на БиХ и се товари за сторено кривично дело злосторства против човештвото, кои ги извршил во областа на Фоча во 1992 година, во својство на припадник на ВРС“, соопшти Обвинителството на БиХ.

Како што се додава, Вељовиќ е обвинет за воено злосторство силување и сексуално злоставување.

Осомничениот му е предаден на обвинител, кој ќе го сослуша и потоа ќе донесе одлука за понатамошните активности во овој предмет.

Lamija Grebo