Регион

Во Косово уапсен Србин осомничен за воени злосторства

Архивска фотографија на косовската полиција

Полицијата соопшти дека машко лице од српска националност е уапсено поради сомнение дека извршило воени злосторства во населбата Емшир во Приштина, на 21 мај 1999 година, за време на војната во Косово.

„Осомничен маж, Србин од Косово, е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело-воени злосторства над цивили“, се вели во денешното соопштение на полицијата, во кое не се прецизираат други детали за осомничениот или за наводните злосторства.

Косовското обвинителство потврди дека има обвиненија против ова лице, кое тоа го идентификуваше само со иницијалите Н.А., но други информации не даде.

Уапсениот се наоѓа во притвор.