БИРН Македонија е независна невладина организација фокусирана на истражувачко новинарство основана во 2004 година како дел од регионалната организација – Балканска истражувачка репортерска мрежа.
Оттогаш БИРН Македонија има имплементирано различни локални и регионални проекти, од организирање на тренинзи за меѓународните новинарски стандарди при покривање на прашања од транзициска правда, производство на телевизиски документарци, објавување на анализи и истражувања како и организирање на трибини за прашања поврзани со ЕУ интеграцијата на Македонија.
Со својата работа БИРН Македонија изгради репутација не само на кредибилна медиумска организација, но исто така и извор за развој на медиумите и градење на изградба на мрежа на новинари. Исто така, воспостави силна врска помеѓу медиумите и невладините организации во Македонија и во регионот, водејќи локално важни програми дизајнирани да одговорат на медиумските и пошироките општествени потреби.
БИРН Македонија придонесува и кон повеќе различни проекти на регионалната мрежа на БИРН и имаше суштествена улога при формирањето на Балкан Инсајт како еден од водечките регионални медиуми.
Целта на БИРН Македонија е да ја консолидира стабилноста на земјата и да ги забрза политичките, економските и социјалните реформи во рамките на Евро-атлантската интеграција. Тоа го прави со квалитетно новинарство и олеснување на дебатите за клучните предизвици.
Балканската истражувачка репортерска мрежа од која е дел и БИРН Македонија е мрежа на уредници, тренери по новинарство и новинари, посветени на создавање силни, професионални и независни медиуми во Југоисточна Европа како суштински дел во развивањето на демократијата и слободниот пазар на Балканот.
Тимот на БИРН Македонија го сочинуваат:
- Ана Петрушева, директорка и главен и одговорен уредник на БИРН Македонија
- Гоце Трпковски, новинар [email protected]
- Владо Апостолов, новинар [email protected]
- Васко Маглешов, новинар [email protected]
- Фросина Димеска, новинар [email protected]
- Јасмина Јакимова, новинар [email protected]
- Елена Гаговска, новинар [email protected]
- Синиша Јаков Марушиќ, известувач од Македонија за Balkan Insight
- Јасна Андоновска, административен и финансиски координатор