Вести

Балканска стипендија за новинарска извонредност: Трансформација

Отворен е повикот за аплицирање за Балканската стипендија за новинарска извонредност за 2021 година

Отворен е повикот за аплицирање за Балканската стипендија за новинарска извонредност за 2021 година.

Со програмата, која се одржува 15-та година по ред, се обезбедува стипендија од 3.000 евра и постојана уредувачка поддршка за новинарите што сакаат да се вклучат во длабински истражувања на силите што ги обликуваат општествата и демократиите во 14 држави во Централна, Источна и во Југоисточна Европа. Програмата особено го цени доброто раскажување и ригорозното известување од теренот, вештини што главно се поврзуваат со најдоброто раскажувачко новинарство.

Рокот за пријавување годинава е 9 април 2021. Како и обично, пријавувањето се врши според годишна тема. Оваа година темата е “Трансформација“. Уредникот на програмата Нил Арун вели дека темата им дава на новинарите „шанса да предложат сторија во врска со промените што се случиле или што добиле на интензитет во изминатата година“.

Годинешниот избор на 10 новинари-стипендисти ќе се изврши од независна комисија. Стипендистите се менторираат од уредникот на програмата во текот на нивното известување, а исто така можат да се потпрат на регионалната мрежа на новинари на БИРН. Освен финансиската и уредничка поддршка, програмата нуди:

  • Шанса да се учествува на воведен семинар на тема техники на известување и раскажување.
  • Шанса да се освојат дополнителни награди меѓу 1.000 и 3.000 евра за трите најдобри стории
  • Објавување на завршените стории на регионалните јазици и на англиски, преку партнерската мрежа на БИРН
  • Членство во алумни-мрежата на програмата, направена да го поддржува вмрежувањето меѓу новинарите што учествувале во програмата

Балканската истражувачка новинарска мрежа и Фондацијата ЕРСТЕ ја основаа Балканската стипендија за новинарска извонредност во 2007 година.

Оттогаш, повеќе од 140 новинари од 14 земји од Централна, Источна и Југоисточна Европа учествувале во програмите за професионален развој од светска класа.

Новинарите што сакаат да се пријават може да го искористат официјалниот  формулар за аплицирање. Тие што сакаат да ги зголемат своите шанси за успешно аплицирање може да прочитаат повеќе за Програмата за новинарска извонредност, со совети од нашите уредници.

 

За повеќе информации, контактирајте не на [email protected]

Следете не!

Twitter: @Rept_Democracy

Facebook: RDFellowship

*Balkan Investigative Reporting Network, https://birn.eu.com/

* ERSTE Foundation, http://www.erstestiftung.org/en/