Регион

Будење на сеќавањaта

Изложба за изгубеното антифашистичко наследство на Хрватска

„Рефрешинг мемори/Кога спомениците ќе оживеат“ („Refreshing Memory/Kad spomenici ožive“) е називот на изложбата на која, во време кога во Хрватска е во подем историскиот ревизионизам, се презентираат уметнички дела за хрватското антифашистичко наследство. Изложбата е поставена во Загреб и ќе трае до крајот на октомври.

Таа опфаќа фотографии од запоставени антифашистички споменици и индустриски комплекси од југословенско време, видео-записи од уметнички перформанси, како и инсталации и споменици оживеани од уметници од регионот, со цел да се зачува сеќавањето на антифашистичката борба.

Првиот дел од оваа изложба на кустосот Даворка Периќ, во организација на Српскиот народен совет, беше отворен на 16 септември, а вториот, во понеделник, во Српското културно друштво „Просвета“.

Објектот на „Просвета“, во Втората светска војна, врз онова на расните закони на тогашниот фашистички усташки режим во Хрватска, им беше конфискуван на сопствениците, кои неодамна повторно го вратија во своја сопственост.

Поради политичкото свртување на Хрватска кон десно, многу споменици изградени за време на комунизмот, во чест на жртвите на усташкиот режим или победата на партизаните во Народноослободителната борба, оставени се да пропаѓаат или се цел на вандали.

Половина од антифашистичките споменици во Хрватска, околу 3.000, се оштетени или уништени за време на Татковинската војна, што се водеше во 1990-тите години, или по војната се вандализирани, или едноставно отстранети од страна на властите.

 

Фотографии на изложбата „Рефрешинг мемори/Кога спомениците ќе оживеат“. Фото: БИРН

Фотографии на изложбата „Рефрешинг мемори/Кога спомениците ќе оживеат“. Фото: БИРН

Фотографии на изложбата „Рефрешинг мемори/Кога спомениците ќе оживеат“. Фото: БИРН