Репортажи

(Галерија): Кога дома навистина си е дома

Убаво е на Кенигсе во Германија, но убаво е и во Трпејца | Фото: Роберт Атанасовски

  • 10
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Владината кампања за поттикнување на домашниот туризам „дома си е дома“, во која беше употребена фотографија од езеро во Германија, предизвика два тренда.

Во едниот, голем број граѓани на социјалните мрежи споделуваат фотографии од разни дестинаци во светот и ги нарекуваат со имиња на локации во Македонија. На пример Нијагарините водопади станаа Смоларски водопади, Стоунхенџ стана Куклица, голем број пејсажи од Алпите добија имиња на планински села во земјава, Саграда Фамилија во Барселона стана Соборен храм во Скопје, дури и езерото Онтарио што го делат САД и Канада стана Прилепско езеро.

Спротивно од овој тренд, пак, голем број фотографи и фоторепортери од Македонија почнаа да објавуваат пејсажи од земјава, за да покажат дека во неа има повеќе од доволно природни убавини и историски знаменитости за да се направи туристичка кампања, а и доволно мајстори на фотографијата што можат да ги доловат тие убавини.

Ова се само дел од фотографиите на нашиот фоторепортер Роберт Атанасовски и на неговиот колега Игор Паневски од пејсажите на Македонија.

Црквата Св. Јован Канео на карпа над езерото е една од најфотографираните во земјава | Фото: Роберт Атанасовски

Црквата стои на тоа место најмалку 600 години | Фото: Роберт Атанасовски

Човек плови со кајче на зајдисонце во езерото | Фото: Роберт Атанасовски

За рибарите, зајдисонцето е најдобриот дел од денот | Фото: Роберт Атанасовски

Три девојчиња скокаат во разбрануваното Охридско Езеро кај Трпејца | Фото: Роберт Атанасовски

Потопената црква Св. Никола во Маврово е на суво кога се повлекува езерото | Фото: Роберт Атанасовски

 

И е речиси целосно потопена кога тоа е полно со вода | Фото: Роберт Атанасовски

Галичката свадба е една од најпознатите манифестации во земјата | Фото: Роберт Атанасовски

Опсерваторијата во Кокино се уште прецизно ги мери движењата на сонцето | Фото: Роберт Атанасовски

Матка е најпознатот место во околината на Скопје | Фото: Игор Паневски

Особено е популарна меѓу авантуристите | Фото: Игор Паневски

Преспанско Езеро фотографирано од Галичица | Фото: Игор Паневски

Дојран е најпосетен во лето, но е посебно убав во зима | Фото: Роберт Атанасовски