Регион

Косово: Споменикот Њуборн оваа година им е посветен на жртвите на сексуално насилство

Споменикот подигнат во чест на независноста, оваа година им е посветен на жртвите на сексуално насилство

Денеска се одбележува 12-годишнината од независноста на Косово, а споменикот подигнат во таа чест во Приштина, оваа година им е посветен на жртвите на сексуално насилство.

Секоја година, таканаречениот споменик Њуборн, го менува изгледот со поинакви слики, а буквите во зборот Њуборн, кој го симболизира раѓањето на новата држава, создаваат нов акроним кој испраќа порака до светот.

Годинешната порака гласи: „Бескрајните војни носат угнетување, силување и запоставување“ и таа им „е посветена на сите жртви на сексуално насилство извршено за време на конфликтите низ целиот свет“.

Фериде Рушити од Косовскиот рехабилитациски центар на жртвите на тортура (КРЦЖТ), за време на свеченото претставување на новиот изглед на споменикот, објасни дека „овие букви ги комбинираат наративите на луѓето што преживеале сексуално насилство и преку оваа илустрација би сакала да му се заблагодарам на Фисник Исмаили (главен дизајнер на споменикот). Сметаме дека предрасудите кон косовското општество ќе бидат надминати и дека гласовите, плачењата и страдањата на преживеаните, ќе престанат да бидат заобиколувани“.

На свеченоста присутна беше и новата претседателка на косовското собрание, Вјоса Османи, која изјави дека „за да се бориме против стигмата, потребно е да им се оддаде почит на страдањата што ги доживеале жените и мажите на Косово“.

На споменик Њуборн во Приштина, на одбележувањето на 12-годишнината од независноста на Косово, беа испишани сведоштва на жртви на сексуално насилство во конфликтите низ целиот свет. Фото: Фисник Исмаили.

Претседателката на косовското собрание, Вјоса Османи. Фото: БИРН.

Акронимот и пораката на споменикот Њуборн за 2020 година. Фото: БИРН

Оддавање почит на жртвите на сексуално воено насилство пред споменикот Хероини во Приштина. Фото: БИРН