Регион

Мурали на улични уметници, ги зближуваат заедниците во поделена Митровица

Млади уметници од албанската и од српската заедница, насликаа живописни мурали во Митровица

Улични уметници, насликаа мурали во разиграни бои, по sидовите на Ибарскиот мост во Митровица, како дел од годинашниот фестивал Номад, кој се одржува во рамките на поширокиот проект наречен АРТивизам, кој има за цел да ги поврзе заедниците во Косово, преку уметноста.

Марко Ракиќ, од невладината организација, Локална иницијатива ЛИНК, еден од организаторите на фестивалот Номад, вели дека младите уметници доаѓаат и од српската, и од албанската заедница, кои живеат во оваа област, во која во последните децении доаѓаше до етнички тензии и немири.

„Тие се уметници од различни заедници, тие се млади луѓе и се свесни за грешките на постарите генерации, можеби несвесно; тие не се горди на тоа и не сакаат да зборуваат за тоа, има многу други теми (за кои може да се дискутира)“, вели Ракиќ.

„Но, дури и кога се зборува за политиката, едно е јасно – сите се незадоволни од сегашната (ситуација) и секој би сакал да си замине“, додава тој.

Ракиќ објаснува дека муралите немаат намера да испратат директна порака.

„Ние често сликаме и врз различни националистички, фашистички и увредливи симболи, во двата дела на градот“, информира тој.

Фестивалот Номад се одржува само во северна Митровица, каде живее мнозинско српско население, но Локална иницијатива ЛИНК е вклучена и во сликање на мурали во другите општини во северно Косово, а понекогаш и во јужна Митровица, населена главно со албанско население.

Ракиќ посочува дека уметниците досега не наишле на никакви проблеми додека сликале по ѕидовите во градот и дека „многу често ова ѝ се допаѓа дури и на полицијата“.

Фото: Локална иницијатива ЛИНК

Мурали на Ибарскиот мост во Митровица. Фото: Локална иницијатива ЛИНК