Регион

Поднесено обвинение против Гуцати и Харадинај

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Насим Харадинај (десно) и Хисни Гуцати пред судот, на 29 септември, односно на 1 октомври. Фото: СВК/Скриншот

Адвокатот на Здружението на воени ветерани на ОВК, Томе Гаши, за БИРН изјави дека СОК поднело обвинение против лидерите на Здружението на воени ветерани на ОВК, Хисни Гуцати и Насим Харадинај.

„Обвинението е поднесено, но не и потврдено (од судија)“, нагласи Гаши, без да даде други детали.

СОК сè уште нема дадено никакво соопштение во врска со ова обвинение.

Гуцати, претседател на Здружението на воени ветерани на ОВК и неговиот заменик, Харадинај, беа уапсени на крајот на септември, за наводно попречување на правдата и заплашување на сведоците, откако им беа доставени документи од судски предмети, што протекоа од СОК, а кои се однесуваат на високи припадници на ОВК, вклучително и на Хашим Тачи.

Во потерницата за апсење се наведува дека Гуцати е осомничен дека дистрибуирал или им дозволил на медиумите пристап до доставените доверливи документи кои во септември во три наврати протекоа од СОК.

Гуцати и Харадинај по апсењето беа префрлени во Хаг и оттогаш се во притвор.

СОК се формирани да ги гонат злосторствата, наводно, извршени за време и веднаш по војната во Косово од 1998-2000 година. Тие се дел од косовскиот судски систем со седиште во Холандија и со меѓународен персонал.

Тие беа формирани под притисок на западните сојузници на Косово, кои стравуваа дека судскиот систем на Косово не е подготвен да постапува во вакви чувствителни случаи и да ги штити сведоците.

Албанците во Косово го гледаат таканаречениот Специјален суд како навреда за војната предводена од ОВК.