Регион

Под небо и најлони: Ужасот на егзодусот преку фотографии

Во Приштина беше отворена изложба на фотографии направени за време и веднаш по НАТО-бомбардирањето на Косово

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Во Националната библиотека на Косово, беше отворена изложбата, „Живот под небо и најлони“, која го бележи егзодусот на Албанците од Косово за време на бомбардирањето на НАТО, како и нивниот живот во месеците потоа.

Ова се фотографии на фоторепортерот, Ридван Сливова, преку кои тој ја доловил болката на луѓето што бегале од земјата и нивното враќање на крајот на војната во Косово во 1999 година.

Дваесетте фотографии следат шест различни приказни, што се случиле помеѓу март и август 1999 година. Тие го прикажуваат бегството на Албанците, напуштените села, прогонот на населението, но и враќањето во уништените домови и страдањето на оние што исчезнале во конфликтот.

„Овие фотографии ги сликав како незаштитен цивил. Споделувам слики на напуштени села, враќање на населението по бегството, геноцидот, прогонството на луѓето од Косово и на исчезнатите“, вели Сливова.

Министерката за култура, млади и спорт, Влора Думоши, истакна дека изложбата има историска и уметничка вредност. „Вие ја искусивте, снимивте и преку фотографии ја пренесовте историјата на Косово“, истакна таа, во своето обраќање до авторот.

Сливова работи како фоторепортер повеќе од 30 години и со својот фотоапарат забележал три војни во регионот.

Фото: БИРН